Селекторот Тодоров во репрезентацијата повика и играчи за кои знае дека нема да играат

Селекторот на нашата машка сениорска селекција, Александар Тодоров, го објави поширокиот список од 24 кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА, односно квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

По задолжителното PCR тестирање на ковид-19, кое ќе биде реализирано на 8 и 9 февруари во Скопје, селекторот ќе ги објави имињата на кандидатите за настап во последниот дел од квалификациите.

Нашата репрезентација од 18 до 22 февруари на турнирот во рускиот град Перм ќе одигра четири натпревари од квалификациите за ЕП, и тоа два против Италија и по еден против Русија и Естонија.

На пошироката листа се: Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром), Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром), Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка), Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка), Андреј Митревски (ТФТ), Виктор Ефремовски (Работнички), Марјан Младеновиќ (Работнички), Љубомир Младеновски (Работнички), Дамјан Робев (Куманово 2009), Горјан Марковски (Куманово 2009), Бојан Трајковски (Пелистер), Бобан Стајиќ (Пелистер), Марко Симоновски (Кожув), Војдан Стојановски (Гравелин-Франција), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија), Шејн Витингтон (Сеа Хорсес-Јапонија), Стојан Ѓуроски (Аликанте – Шпанија), Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија), Андреј Јакимовски (Универзитет Вашингтон стејт-САД) и Марко Миловановиќ (Јуве Кремона Баскет-Италија).

- Оглас -

Најнови вести