Селекторска проверка: Ангеловски на вечера со Николов и Муслиу (фото)

Селекторот Игор Ангеловски објави фотографија на својот „Инстаграм“ профил на која е заедно со Бобан Николов и Висар Муслиу, двајцата репрезентативци кои настапуваат за унгарски Мол Види.

Сликани се во ресторан во Будимпешта, селекторот сигурно сакал да ги провери своите играчи како се одвива нивната сезона во унгарскиот шампионат, каде што Мол Видимоментално води трка за шампионската титула со Ференцварош.

Воедно нивната средба се случи на околу еден месец пред настапот на Македонија во плејофот во Лигата на нации, каде што во полуфиналето силите ќе ги одмери со селекцијата на Косово и ќе се бори за историски пласман на ЕП 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести