Селекторската работа е досадна, давам отказ

Селекторот на Костарика, Густаво Матосас, на денешната прес-конференција во пресрет на пријателскиот дуел против Уругвај истакна дека селекторската работа му е досадна и дека по овој меч ќе го напушти кормилото на Костариканците.

„Не знаев дека да се биде селектор, е многу досадна работа. Тешко е да се води екипа која ја гледаш само околу 10 дена на секои два или три месеци. Не знаев дека ќе имам толку слободни денови, сега се „убивам“ од гледање филмови и фудбалски мечеви. Ми недостасува дневната рутина која ја имав во клубовите, затоа по мечот со Уругвај, ја напуштам позицијата во Костарика“, истакна Матосас.

Аргентинскиот стратег помина 11 месеци на кормилото на Костарика, во кои селекцијата одигра вкупно осум натпревари, а победи само на три меча. Матосас во тренерската кариера има водено голем број аргентински и бразилски екипи, еден период помина и во Кина, додека се шпекулира дека по оваа работа ќе се врати во клупската работа, а следна дестинација му е Мексико.

- Оглас -

Најнови вести