Селин Дион влезе во соблекувалната на Бостон, а кога го виде полуголиот хокеар, следуваше урнебесен коментар (Видео)

Популарната пејачка Селин Дион беше гостин во соблекувалната на хокејскиот НХЛ-тим Бостон бруинс пред натпреварот со Њујорк ренџерс.

Оваа 55-годишна канадска пејачка го објави почетниот состав за натпреварот пеејќи ги некои од имињата на хокејските стартери. Таа се пошегува со хокеарот Брендон Карло, кој седеше на клупата без маица.

„Благодарам многу што се подготвивте за моето доаѓање вечерва“, му рече Селин на полуголиот Карло и ги насмеа сите.

- Оглас -

Најнови вести