Село само со 282 жители доби фудбалски прволигаш во Северна Ирска

Фудбалот пишува најразлични спортски приказни и токму затоа тоа е најважната споредна работа во светот. Дека секој може да сонува и дека со многу работа и труд сите работи се остварливи, потврдува и фудбалското чудо од Северна Ирска.

Лагал е мало село во Северна Ирска во кое живеат само 282 жители, а сега ги живеат најубавите спортски моменти. Тимот на Лагал обезбеди место во Првата лига во Северна Ирска. Тоа ќе биде најмалото место во Европа кое може да се пофали со фудбалски прволигаш, а местото делува само како една мала точка на мапата, посебно ако се спореди со Истанбул, кој има 16 милиони жители и е најголемиот град во Европа што има прволигашки фудбалски клубови.

Интересно е дека овој мал клуб и во 2010 година на фудбалскиот терен се избори за место во елитата, но тогаш не доби лиценца од Федерацијата за настап. И пред три сезони кога се случи пандемијата со корона-вирусот требаше да влезат во елитното друштво, но тогаш првенството беше суспендирано. Сега нема никакви пречки за Лагал да се промовира во најдоброто фудбалско натпреварување во Северна Ирска.

- Оглас -

Најнови вести