Селски клуб од Украина ќе игра во Лигата на Европа

Екипата на Колос од Ковалевка во претстојната сезона ќе ја претставува Украина во квалификациите на Лигата на Европа откако го доби Мариупол со 1-0 во плејофот за место во ЛЕ. Интересно е што Колос сезонава првпат играше во првата украинска лига и испиша историја иако доаѓа од место кое е на 80 километри од Киев и има само 1.600 жители.

Голот за победа го даде Денис Антјух во 95-тата минута, се играа продолженија, а за Колос ова е прв излез на европска сцена во клупската историја. Колос своите домашни мечеви ги игра на стадион во Киев, кој има капацитет од малку повеќе од 5.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести