Младата репрезентација на Португалија за фудбалери до 21 година го прегази Лихтенштајн со огромни 11-0, откако безмилосно го уништуваше во првото полувреме, кое заврши со предност на домашните од 9-0.
Интересно е што семафорот во Калдас де Визела, каде што се одигра мечот, поддржува само едноцифрени бројки кај резултатот, па кога Португалците го постигнаа својот десетти погодок, домаќините мораа некако да се снаоѓаат.