Лојални до крај – Семејството Куртис ја продолжи битката за спас на клубот со 134-годишна традиција

Бјури е исфрлен од сите натпреварувања во Англија порад банкрот, но семејството Куртис се уште доаѓа секој дена на работа и се надева на спас на клубот со 134-годишна традиција.

Бјури е формиран во 1885 година и е меѓу најстарите клубови на Островот, но поради административни причини не може да се натпреварува во Англија.

„Не можам да прифатам дека ќе го снема клубот што е дел од нашите животи. Ова е бавна смрт на Бјури, но не се предаваме“, вели Мајкл Куртис.

Неговата мајка Џоан е во клубот од 1970 година, но како што тргнало нема да дочека да прослави јубилеј од 50 години во клубот, што и официјално треба да згасне. Вели дека се уште ја организира лотаријата за навивачите на Бјури, но приходите се намалуваат најмногу поради сопственикот на Бјури, Стив Дејл кој одби да го продаде клубот и го води кон целосно исчезнување.

„Уште ја имам машината за броење пари од пред половина век кога дојдов во клубот. Луѓето се помалку играат лотарија со која сакаме да му помогнеме на Бјури. Се плашат дека секое пени ќе заврши во џебот на Дејл“, вели Џоан Куртис.

И нејзината ќерка Лин Кент редовно доаѓа на Гиг Лејн, а додека функционираше клубот, таа беше задолжена за маркетинг, за административни работи и продажба на сезонсдките тикети.

Навивачите на Бјури организираа протести против сопственикот Стив Дејл, кој го зароби клубот со 134-годишна традиција одбивајќи да го продаде клубот. И протестите стивнаа, па на Бјури му следи најнепосакуваното сценари, комплетно згаснување на една долга и богата фудбалска традиција.

 

- Оглас -

Најнови вести