Сена повторно е проблем за организаторот на ЛОИ: Во реката не може да се плива, опасна е за спортистите

Нема крај на проблемите за организаторот на Летните олимписки игри, кога во прашање се натпреварите кои треба да се одржуваат во реката Сена во Париз. Голем број на спортисти се пожалија на здравствени проблеми поради пливањето во загадената река, а кај дел од нив беше пронајдена и бактеријата ешерихија коли.

Париз потроши 1.4 милијарди евра за унапредување на канализациониот систем во градот, се со цел реката да биде чиста, но ништо од тоа не функционира. Сега се откажани и тренинзите за пливачките дисциплини на отворено, но организаторот во соопштението не наведува дека причина е загадената река.

„После дневниот состанок утринава помеѓу градската управа, организациониот одбор и светската пливачка организација, одлучено е запознавањето на теренот кое требаше да се одржи денес, да биде одложено.“ – се вели во соопштението.

- Оглас -

Најнови вести