Сент Луис нема да дозволи уште еден дебакл од Бостон

Сент Луис блус – Бостон бруинс (02 часот. Финале НХЛ лига, четврти натпревар. Бостон води 2-1)

Бостон двојно му се реваншираше на Сент Луис за поразот во вториот меч, па во првата пресметка откако серијата се пресели на тло на Блус, претрпеа дебакл од 7-2. Тоа е само знак колку Бруинс се подготвени да бидат новите хокеарски шампиони. Сепак, малку веројатно е дека повторно можат да одиграат таков меч, бидејќи сепак ова е финале и Сент Луис нема да дозволи уште едно огромно разочарување.

Но, ако нешто научивме од оваа финална серија е дека погодоци нема да недостасуваат. Двете екипи најмалку постигнуваат по два гола во просек, а во такво темпо го поминаа цел плејоф досега.

Предлог тип: >5.50 (2.22)

 

Америка Минеиро – Коритиба (01 часот, Втора лига Бразил, шестто коло)

Тимот на Америка Минеиро има катастрофален старт на сезоната во Серија Б, односно Втората бразилска фудбалска лига. Без победа по пет кола, со четири порази и едно реми, е форма која не ветува дека овој тим планира за брзо да се врати во елитата по минатосезонската елиминација во понискиот ранг.  Коритиба пак, претрпе само еден пораз, а од пет меча освои вкупно 8 бода, така што имаат намера да продолжат со редењето добри резултати.

Иако домаќините на хартија себлаги фаворити, треба да се знае дека во последните пет меѓусебни дуели имаат само еден триумф против Коритиба, кои пак се радувале трипати, а само еден меч завршил без победник.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.25)

 

Томбенсе – Ремо (01 часот, Трета лига Бразил, шестто коло)

Ремо ноќеска гостува кај Томбенсе во обид да ја продолжи серијата без пораз на шест меча. Тие се на второто место на табелата во овој воведен дел од сезоната, така што нивната цел е јасна, да се стигне до плејоф, односно разигрувањата за влез во Втората лига.

Томбенсе пак, оствари само една победа по пет кола, и тоа во претходното коло против Јпиранга со минимални 1-0 на гости. Навивачите и натаму чекаат победа на домашен терен, но по сите изгледи нема да се оствари ниту во овој меч.

Предлог тип: X2 & 0-2 (1.95)

 

Акасусо – Ол бојс (02:10 часот. Втора лига Аргентина, разигрувања полуфинале, втор натпревар)

Акасусо избори реми од 1-1 на гостувањето кај Ол бојс во првиот дуел, па сега пред свои навивачи се надева дека ќе успее да обезбеди пласман во финалето од разигрувањата и да се бори за влез во елитата. Знаејќи колкав е влогот во овој меч, јасно е дека ќе се тактириза и ќе се чека вистинска шанса за погодок.

Двете екипи досега петпати се пресметале меѓусебе, а Акусасо има подобар учинок со 2-1, додека останатите два меча завршиле без победник. Ако се земат во предвид тие претходни средби, може да се очекува мал број на погодоци.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.87)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести