Сензација ќе биде ако Македонија се радува во Варшава, па да донесе радост и за прогнозерите

Влеговме во вториот ден прогнозирање во шестото коло на Спортска прогноза, а веќе има голем број прогнози. Во ова коло имаме прилика да типуваме на дуел во кој игра и репрезентацијата на Македонија. Рисовите на 13 октомври, недела, гостуваат во Варшава, каде што ќе ги одмерат силите со селекцијата на Полска. Целта на селекторот Ангеловски и неговите избраници е да се реваншираат за минималниот пораз во Скопје.

Иако звучи како невозможна мисија, фудбалот е спорт во кој чуда се случуваат, па затоа и ние веруваме дека може да се случи сензација. Досега прогнозерите повеќе се надеваат на победа на Полска, дури 74% од нив типувале „кец“, малку повеќе од 14% од прогнозерите очекуваат реми, а само 11,6% типуваа во корист на нашата репрезентација.

Се надеваме дека до крајот на периодот за прогнозирање оваа статистика ќе се смени.

Програмата нема да започне стандардно, во сабота во 15:30 часот, туку во 18 часот, а завршува в понеделник со четири репрезентативни дуели, по два младински за играчи до 21 година и од сениорските квалификации.

Не заборавајте да типувате и на двата резервни парови Алмере – Гоу ахед иглс и Пјаченца – Виченца, тие се бројат за Генерален пласман.

Наградите се веќе добро познати за редовните играчи, а информација за новите: за прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 двојки од основната програма, џек-пот ќе биде прекрасниот мобилен телефон iPhone XS. За 12 погодени се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а 500 денари ваучер од Sport Life е наградата за прогнозерите што ќе имаат 11 погодени парови од основната програма.

Најдобриот прогнозер во Генералниот пласман на крајот на сезоната ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000, односно 200.000 за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ 5.

- Оглас -

Најнови вести