Сензација на АЕЛ против шампионот АПОЕЛ – Здравковски ѝ се радува на куп-титулата

Давор Здравковски и неговите соиграчи од АЕЛ Лимасол ѝ се радуваат на титулата во Купот на Кипар откако денеска го изненадија шампионот АПОЕЛ со победа од 2:0 во финалниот меч.

Финалето се играше во Никозија, на стадионот на АПОЕЛ, но АЕЛ беше подобар и потполно се реваншираше за поразот од 4:0 од истиот ривал само 4 дена претходно во меч од првенството.

Здравковски го одигра целиот меч, беше еден од најдобрите на теренот, а АЕЛ славеше со головите на Доса јуниор и на Марко Адамовиќ.

Ова е седма куп-титула за АЕЛ во 18-тото финале што го имаат во клупската историја, секако, прво за Здравковски откако нашиот фудбалер игра за тимот од Лимасол.

- Оглас -

Најнови вести