Сензација на Босанците во Стразбур, Роналдо е неуништлив, стана нов светски рекордер (Видео)

Големо изненадување во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар вечерва приреди селекцијата на Босна и Херцеговина на дуелот против актуелниот светски шампион Франција, во вечер што му припадна на Кристијано Роналдо.

Португалецот со два извонредни погодоци со глава ја спаси Португалија од пораз против Република Ирска, донесе голем триумф во Фаро од 2:1, а патем стана и најдобар стрелец на сите времиња на интернационалната сцена.

Ирците со голот на Џон Иган во 45-тата минута беа на прагот на победа против Португалија на гостински терен во Фаро. Голот на Иган беше казна за промашениот пенал на Кристијано Роналдо во 15-тата минута, но капитенот на домаќините погоди двапати во самиот финиш на мечот за победа од 2:1 на фаворитот.

Популарниот ЦР7 прво во 15-тата минута пропушти шанса да го постигне 110-тиот гол во дресот со национални обележја и да биде најдобар стрелец на сите времиња, пред Иранецот Али Даеи, но на крајот ја оствари целта.

https://twitter.com/FinMUFC_/status/1433170535966461959?s=20

Сега тој е сам на врвот на вечната листа со најдобри голгетери во репрезентативните натпревари со 111 гола.

Вториот гол на Роналдо, вкупно 111-ти во дресот на Португалија можете да го погледнете ОВДЕ.

Босанците поведоа со голот на Един Џеко во 26-тата минута, а Антоан Гриезман израмни на 1:1 во 40-тата минута. Во второто полувреме немаше голови, па репрезентацијата на БиХ освои голем бод во Стразбур.

Во 51-вата минута Франција остана со играч помалку по исклучувањето на Жил Кунде.

 

- Оглас -

Најнови вести