Сензација: ПСЖ остана без уште еден трофеј, Рен на пенали го освои Купот на Франција

Рен е освојувач на Купот на Франција за 2019 година, откако во финалната пресметка против ПСЖ славеше по драматична пенал-серија која заврши со 6-5. Победникот не можеше да се одлучи по израмнетите 2-2 во регуларните 90 минути, а неивесноста продолжи и во дополнителни 30 минути од средбата.

Во пенал-рулетот двете екипи беа перфектни сè до шестата рунда. Сар погоди за 6-5 во корист на Рен, а трагичар за „светците“ беше младиот Нкунку, неговиот удар заврши високо над пречката.

Во редуларниот дел од мечот, ПСЖ испушти двојна предност до која дојде по дваесетина минути игра, а головите ги постигнаа Алвес и Нејмар. Кимпембе им помогна на Рен со авто-гол во 40-тата минута, а Мексер во 66-тата минута ги постави конечните 2-2, по кои се играа продолженијата, а потоа и пеналите.

За Рен ова е прв трофеј во Купот на Франција по 48 години, кога во сезоната 1970/71 триумфираа над Лион со 1-0. Ова воедно значи дека Рен повторно ќе го гледаме во Лигата на Европа, откако сезонава стигнаа до осминафиналето, а претрпеа елиминација во двомечот против Арсенал.

Што се однесува за ПСЖ, оваа сезона нема да се радуваат на двојна круна, им остана да ја потврдат одбраната на титулата во шампионатот, додека одамна испаднаа од игра за европскиот пехар во Лигата на шампионите.

https://www.youtube.com/watch?v=h2wZJtMHCBY

- Оглас -

Најнови вести