Победата на Френсис Тијафо над Алексеј Попирин од 3-1 во сетови во осминафиналето на Отвореното првенство на САД покажа дека Попирин не бил толку добар колку што Новак Ѓоковиќ бил лош во нивниот меѓусебен дуел од претходната рунда, кога се случи сензационална елиминација на големиот фаворит од Србија.
Американецот Тијафо го искористи тоа што Попирин уште мислеше на големата победа над Новак и се најде во четвртфиналето, каде што за противник ќе го има Бугаринот Григор Димитров.
Во четвртфинале е и Александер Зверев, кој така собра доволно поени за да избие на второто место на АТП-листата, прескокнувајќи ги Карлос Алкарас и Ѓоковиќ. Ѓоковиќ може да падне и на петто место ако Данил Медведев дојде до финалето.