Невидена драма во Гевгелија – Македонија на чудесен начин извлече реми за продолженија

Данска не успеа да приреди првокласна сензација во Гевгелија, откако Македонија во фото финиш успеа да се спаси од пораз и ќе игра продолженија во четвртото коло во претквалификациите за настап на ЕП во 2025 година.

Губевме постојано, дури и со двоцифрена разлика, но на крајот успеавме да израмниме на 64:64 и да се избориме за продолженија.

Ти-Џеј Шортс погоди за нерешено на нешто повеќе од 14 секунди до крајот, а во последниот напад Данците од три обиди не погодија, па Македонија има шанса за победа.

Ривалот што го победивме во август на гостински терен со 73:70 сега за малку ќе ни се реваншираше.

Само трипати водевме и тоа на самиот почеток на мечот, со 1:0, 2:0 и 5:3 и се потоа беше вистинско мачење со оглед на рејтингот на двете селекции.

Македонија беше апсолутен фаворит и ако победи ќе остане на врвот на табелата.

Адама Дарбо беше незадржлив за нашата одбрана со 21 поен, 7 асистенции и шест скока и тој беше лидер на Данците во Гевгелија.

Ти-Џеј Шортс кај нас постигна 23 поени и е вистински јунак на Македонија која се спаси од пораз и има шанси за победа по продолженија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести