Сензација во Мадрид: Шериф води против големиот Реал (ВИДЕО)

Екипата на Шериф има сензационално водство против Реал Мадрид од 1:0 по првото полувреме од групата Д во Лигата на шампионите. Тимот во којшто настапува нашиот Бобан Николов игра херојски меч против великанот, и тоа среде Мадрид.

Стрелец на погодокот за првакот на Молдавија е Јасур Јахшибаев во 25-тата минута. Интересно е што доколку остане овој резултат, Шериф ќе има максимални шест освоени бода во оваа група, во која се уште и Интер и Шахтар.

На останатите натпревари, ПСЖ води со Манчестер сити со 1:0 со голот на Идриса Гана Геје. Додека, пак, интересно е и во Милано, каде што Милан има предност против Атлетико исто така минимално, откако Рафаел Леао ја затресе мрежата на Јорганџиите.

Но, Франк Кеси доби црвен картон и мораше предвреме да замине во соблекувалната.

РЕЗУЛТАТИ ПО ПРВИТЕ 45 МИНУТИ

ПСЖ – Манчестер сити 1:0

Реал Мадрид – Шериф Тираспољ 0:1

Милан – Атлетико Мадрид 1:0

Порто – Ливерпул 0:2

Борусија Дортмунд – Спортинг 1:0

Лајпциг – Клуб Бриж 1:2

 

- Оглас -

Најнови вести