Сензација во Мелбурн, елиминирана главната фаворитка, Хачанов блиску до подвиг кој не е виден 30 години!

Полската тенисерка Ига Швјонтек која беше прв носителка и убедливо главна фаворитка за титулата на Австралијан опен, својот пат во Мелбурн го заврши во четвртото коло.

Швјонтек беше надиграна од 22-ро рангираната Елена Рибакина од Казахстан со 4-6, 4-6, и ова е најголемо изненадување на турнирот досега. Рибакина која е Русинка, но зеде казахстанско државјанство поради поголемата финансиска помош од државата, лани како 23-та носителка го освои Вимблдон.

Кај мажите, Карен Хачанов го победи Јапонецот Јошихито Нишиока со 6-0, 6-0, 7-6, и испушти шанса да стане само шестиот тенисер во историјата, а прв после 30 години, кој на грен-слем меч победил без да загуби гејм. Русинот ги освои првите 14 гејма, а Нишиока доби овации од публиката кога конечно го зеде третиот гејм во третиот сет.

Противник на Хачанов во четвртфиналето ќе му биде Себастијан Корда, кој одигра спектакл против Хуберт Хуркач. Американецот со чешко потекло победи со 3-2 во сетови, петтиот сет се решаваше во супер тај-брејк.

- Оглас -

Најнови вести