Алексеј Швед беше мирен и погоди за победа на Химки против Реал Мадрид на 17 секунди до крајот, со што рускиот тим приреди сензација и ја сопре најдолгата серија порази во Евролигата.
Бекот на Химки беше најефикасен на мечот, заедно со соиграчот Ерик Меколум постигнаа по 22 поени, а рускиот тим победи за првпат по низата од неверијатни 17 порази во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Химки остана на последното место, сега со 3 победи и 23 порази, а Реал Мадрид го забележа 11-тиот пораз и има 16 победи на шестата позиција.
Во вториот меч што заврши, а исто така се играше во Русија, Зенит во Санкт Петербург ја победи Алба со 87:71.