Сензација во Токио: Зверев го остави Ѓоковиќ без злато!

Александер Зверев приреди сензација во второто полуфинале и го елиминира првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ по три сета и пресврт од 1-6, 6-3, 6-1. Германскиот тенисер си обезбеди битка за златен медал против Русинот Карен Хачанов, а му го урна сонот на Ѓоковиќ да стигне до посакуваното злато за кое беше прв фаворит, па наместо тоа, Србинот ќе се обиде да освои втора бронза на ОИ, по онаа во Пекинг од 2009 година.

Фуризониот старт на Ѓоковиќ делуваше дека ова ќе биде уште еден лесен меч за него без загубен сет. Србинот со два брејка лесно дојде до водство од 1-0, но потоа Зверев се разбуди, додека на Новак му се случи слободен пад во играта.

На средина од вториот сет, Зверев направи двоен брејк иако претходно загуби нов сервис, па откако израмни на 1-1, стартуваше со двоен брејк и во третиот сет освојувајќи седум гема во низа за водство од 4-0. Најклучниот брејк беше кога Зверев без загубен поен, дојде до првата меч топка, но ја искористи дури втората за големата победа.

- Оглас -

Најнови вести