Сензацијата од Вимблдон восхитува: Замор? Можам да играм два меча по ред

Кори „Коко“ Гоф продолжува со неверојатните игри и победи на Вимблдон. Тинејџерката која има само 15 години и поставува нови граници на неофицијалното светско тениско првенство, го помина и третото коло, откако по голема борба и со пресврт ја победи Полона Херцог. 

Гоф лошо го запона мечот и го загуби првиот сет со 6:3, а во вториот губеше со 5:2, но не се предаде. Дека е и психички силна, односно дека знае да се врати од речиси загубена ситуација, потврди со тоа што спаси две меч топки и го доби вториот сет со 7:6. Во решавачкиот трет сет повторно се водеше голема борба, а на крајот 15-годишната го доби со 7:5, за голема радост по речиси три часа поминати на теренот.

По завршување на исцрпувачкиот дуел, Гоф воопшто не делуваше изморено, а тоа го потврди и на прес конференцијата.

„Не сум уморна. Видов дека противничката почнаа да ја фаќаат грчеви, дека бараше мраз за да ги олади мускулите и знаев дека во еден момент заморот ќе ја совлада. Јас имам само 15 години и сум полна со енергија, па мене не ми е проблем да одиграм и два меча во еден ден, како што се прави во јуниорска конкуренција. Воопшто не ми беше напорно“, изјави популарната Коко.

Следен предизвик за младата Американка ќе биде дуелот против некогашната тенисерка број 1 на ВТА листата, Симона Халеп.

Најголемата поддршка за младата тенисерка е нејзината мајка. Таа се радуваше на секој освоен поен на Кори, па буквално дури и играше и скокаше на трибината.

 

- Оглас -

Најнови вести