Сензационална победа на Казахстан над Данска (Видео)

Репрезентацијата на Казахстан ја направи најголемата сензација во досегашниот тек од Квалификациите за ЕВРО 2024, откако на домашен терен ја совлада Данска со 3-2.

Данците со головите на Расмус Хојлунд уште во првото полувреме дојдоја до убедливо водство од 2-0. Во тој момент сите мислеа дека Данска лесно ја заврши задачата и со победа ќе се врати од Казахстан, но домашните не мислеа така.

Казахстан тргна на се или ништо во второто полувреме, напаѓаа кон голот на Данска и на крајот тоа им се исплатеше. Најпрво Бахтијор Зајнутдинов намали на 1-2 во 73 минута од пенал. (видео) Првиот шок за Данска следуваше во 86 минута кога Ашкат Тагиберген израмни на 2-2. (видео) Само три минути подоцна следуваше нов шок, Казахстан прави комплетен пресврт и победува со 3-2. Голот за победа беше дело на Абат Ајмбетов. (видео)

Оваа победа за репрезентацијата на Казахстан веројатно е најголема во нивната историја. Никогаш претходно немаа победено посилна, помоќна и поголема репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести