Новата хероина сакала да победи барем на еден меч за да има пари да си купи нови слушалки, а на крајот заработи 2,5 милиони долари

Младата британска тенисерка Ема Радукану е новата спортска хероина откако на сензационален начин стигна до титулата на Отвореното првенство на САД. Радукану е првата тенисерка во историјата која започнала од квалификациите, успеала да ги помине првите три квалификациски кола, а потоа и да дојде до уште седум победи и да се искачи на тронот. Во сите десет меча, Радукану победи без да загуби ниту еден сет.

За триумфот на Отвореното првенство на САД, Радукану заработи 2,5 милиони евра, а интересно е тоа што таа планира прво да купи со бонусот кој го доби за освојување на турнирот во Њујорк. Таа откри дека сакала да си купи слушалки кои чинат само 160 долари.

„Пред првиот меч во квалификациите ги изгубив слушалките што ги имав. Неколку минути ги барав низ соблекувалната и не ги најдов. Потоа добив повик дека треба да се појавам на терен. Тогаш сфатив дека сум ги изгубила и самата на себе си ветив дека ако победам на тој меч, ќе си купам нови слушалки. Никогаш не ни можев да сонувам дека ќе го освојам Отвореното првенство на САД. Првото нешто што ќе го купам се слушалки какви што загубив“, откри Радукану, која е првата Британка што освоила гренслем-турнир во последните 44 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести