Сензационалната Венецуела со максимален ефект до прво место, еден од домаќините на следното СП го заврши настапот (Видео)

Репрезентацијата на Венецуела е вистинска сензација на Копа Америка откако успеа да забележи победа и во третиот натпревар и со максимални девет бода да го освои првото место во групата „Б“.

Најнова жртва на Венецуела беше селекцијата на Јамајка, која ја совладаа со убедливи 3-0 и така не само што се пласираа во четвртфиналето, туку успеаја да ја избегнат Аргентина, па за противник ќе ја имаат селекцијата на Канада.

Втората четвртфинална двојка ја сочинуваат репрезентациите на Аргентина и Еквадор откако Еквадорците одиграа без голови, 0-0, против Мексико, а тоа значеше и крај на турнирот за еден од домаќините на следното Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести