Сензационалниот Џордан Пул ја репризираше легендарната партија на една нога на Ајзеа Томас (Видео)

Џордан Пул одигра сензационална партија баскет за Голден стејт против Њу Орлеанс, постигна рекорд во кариерата од 38 поени, а потсети и на незаборавниот настап на Ајзеа Томас од пред 23 години.

Пул има само 21 година, а ноќеска го повреди скочниот зглоб на почетокот на третиот период. Дотогаш имаше 24 поени, но мораше да го напушти теренот за да биде прегледан и да се увтди степенот на повредата.

Се врати по четири минути пауза и го реши победникот на мечот што го добија Воините со 125:122. Пул ги постигна последните четири поени за Голден стејт и на мечот, а успеа и повреден да даде 14 поени, или вкупно 38 што му е рекорд во кариерата.

Њу Орлеанс водеше со 122:121 на 26 секунди до крајот, но немаше рецепт како да го задржи повредениот, но и брилијантен ноќеска Џордан Пул.

Младиот кошаркар на Воините барем за малку потсети на легендарната паррија баскет на Ајзеа Томас за Детроит пистонс во финалето на НБА против Лос Анџелес лејкерс во 1988 година.

И Томас тогаш го повреди скочниот зглоб и речиси играше на една нога, но успеа да постигне неверојатни 25 поени во една четвртина, третата од мечот, а вкупно постигна 43 поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести