Сензационалниот Литлер конечно може да почне да ги троши парите кои ги заработи

Лук Литлер беше вистинска сензација на неодамна одржаното Светско првенство во пикадо, откако стигна до финалето, каде беше поразен. Тој за освоеното второ место доби парична награда од 233.000 евра, а сега, 18 дена после завршувањето на првенство може да започне да ги троши парите, бидејќи наполни 17 години.

Младиот пикадо играч веќе има и план како ќе ги потроши заработените пари.

– „Сакам да купам ФИФА поени за икс-бокс, а сакам и да го поправам автомобилот на мојот татко. Сакам и да научам да возам, за да не мора тој да ме носи на тренинг.“ – вели Литлер.

- Оглас -

Најнови вести