Сензационално деби на Џејмс Харден во дресот на Бруклин нетс (Видео)

Џејмс Харден првпат заигра во дресот на Бруклин нетс, и направи феноменален трипл-дабл, покажувајќи дека ќе биде големо засилување за Мрежичките. Нетс го победија Орландо со 122-115, а Харден имаше 32 поени, 14 асистенции и 11 скока, со што стана само првиот кошаркар во историјата на НБА кој на деби во дрес на некој тим направил трипл-дбл со постигнати над 30 поени.

Одличен беше и Кевин Дурант со 42 поени, и постави клупски рекорд, прв играч на Нетс кој на девет меча по ред дава барем 25 поени. Дурант кој е втор стрелец сезонава во НБА, и Харден играа заедно во Оклахома Сити тандер, и после речиси една деценија повторно се заедно, а според првиот меч, најавуваат дека може многу да направат со Бруклин.

Кајри Ирвинг не играше, и навивачите со нетрпение чекаат да видат како ќе функционира Бруклин со големото ѕвездено трио.

Ова се дел од акциите на Брадата на неговото деби како играч на Бруклин:

- Оглас -

Најнови вести