Сензационално: Дрим-тимот на САД губи во серија, поразот од Австралија го изнервира Попович (Видео)

Австралија го победи дрим-тимот на САД со 91:83 во пријателски меч што се одигра во Лас Вегас како загревање за Олимписките игри во Токио.

Звучи сензационално, но е вистинито и Кевин Дурант и останатите НБА ѕвезди во составот на Американците загубија вторпат по ред, откако и Нигерија претходно ги победи со 90:87.

https://www.youtube.com/watch?v=NA1SG34wE94

Натпреварите се егзибициски, но сепак се предупредување за новиот тим од соништата на САД, кој важи за топ фаворит за златото во на олимпискиот турнир во Токио што ќе се игра од 25 јули до 7 август.

Ова е само третпат Американците да губат два меча по ред откако се формира таканаречениот дрим-тим, од 1992 година, кога и кошаркарите од НБА-лигата прифатија да настапуваат на големите натпреварувања.

https://twitter.com/usabasketball/status/1414761753427152898?s=20

Американците водеа по првото полувреме со 46:37, но потоа им се случи потоп во третиот период, што го загубија со 18:32. Во финишот на мечот повторно успеаја да поведат со 82:80, но Австралија со импресивна серија од 11:1 успеа да победи.

Од 1992 година САД има биланс од 54:4, а тука се вклучени и двата порази по ред од Нигерија и Австралија. По мечот на стандардната прес-конференција и селекторот Грег Попович реагираше нервозно, по неочекуваните неуспеси во низа на дрим-тимот, кој сè уште не е комплетен и му фалат Мидлтон, Букер и Холидеј, кошаркари кои сè уште го играат финалето во НБА.

https://twitter.com/YahooSportsNBA/status/1414783466567307265?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести