Сепак ќе игра во Катар – Ројс ќе паузира само три седмици, нема да го пропушти петтото големо натпреварување поради повреда (Фото)

Марко Ројс е еден од најголемите фудбалски-малери на денешницата, но сепак според најавите нема да го пропушти и петтото големо натпреварување, откако не играше на три европски првенства и едно Светско од 2012 година досега.

Играчот на Борусија Дортмунд се повреди вчера во дербито со Шалке 04 и се најавуваше дека веројатно нема да игра за Германија ниту на Мундијалот во Катар во ноември и декември.

Тој во првото полувреме при еден дуел го свитка зглобот по што и заплака, стравувајќи за ново лошо сценарио.

Но, денеска од клубот потврдија дека нема скршеница, туку дека само лигаментите се истегнати и дека паузата ќе биде најмногу три седмици.

Ројс поради повреда ги пропушти ЕП 2012, СП 2016, ЕП 2016 и ЕП 2020.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести