Сепи многу мислеше на жена му и загуби (Видео)

Италијанскиот тенисер Андреас Сепи не успеа да влезе во осминафиналето на гренд слем турнирот Отвореното првенство на Австралија, но еден негов потег го привлече вниманието по социјалните мрежи. Потегот не беше тениска мајсторија на теренот, туку романтичен.

Во третиот сет, при водство на Сепи од 4-1, мечот со Френсис Тијафо беше на кратко прекинат поради дожд, па Италијанецот повика едно од момчињата кои ги подаваат топчињата да однесе пешкир кај жена му која седеше на трибините.

Сепи е во брак со Микела од 2016 година, па големиот романтичар не сакаше жена му да накисне на слабиот дожд, па таа со пешкирот на Андреа си ја покри главата како заштита.

Иако водеше со 2-1 во сетови, Сепи беше елиминиран од Американецот Тијафо со 2:3.

- Оглас -

Најнови вести