Сер Алекс е импресиониран од менаџерот на Јунајтед

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, изјави дека е импресиониран од работата на актуелниот стратег на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, и фудбалерите кои ги донесе.

Манчестер јунајтед со минимална победа од 1:0 против Вулверхемптон ја започна новата сезона во Премиер лигата, а Фергусон во разговор за Скај спортс го пофали Тен Хаг.

„Ерик работи фантастично, ги презеде работите во свои раце, донесе играчи какви што тој сака и што е многу важно, ако се разигра напаѓачот, тогаш Јунајтед е на вистинскиот пат. Ми се допаѓа како е направен тимот, има искуство во одбраната во Варан и Мартинез, а во средниот ред со Каземиро и Ериксен. Сега Јунајтед има атлетски добар голман и напаѓач кој се надевам дека многу брзо ќе се вклопи во системот на Тен Хаг“, изјави сер Алекс Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести