Сер Алекс Фергусон доби забрана да оди на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед сезонава не игра на посакуваното ниво. Тимот е далеку од трката за титулата во Премиер лигата, а тоа е нешто на кое не е научен легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон. Популарниот Ферги со Манчестер освои 13 титули, а по неговото заминување од клупата, не се најде тренер кој ќе направи шампионски тим.

Дури и со Жозе Мурињо, Манчестер игра многу променливо, па по 16 меча, тимот е на шестото место на табелата. Во последното коло, Манчестер на „Олд Трафорд“ конечно одигра добар меч и со 4-1 го победи Фулам. На оваа средба забележително беше дека на трибината го нема легендарниот Сер Алекс.

Популарниот Ферги пред неколку месеци претрпе мозочен удар, па лекарите сега го советувале дека треба да одмора повеќе, а не да оди на стадион двапати неделно за да го гледа Манчестер јунајтед. Лекарите го советувале Фергусон да не оди на стадион на оние мечеви кои може да ги гледа на телевизија.

Очигледно е дека Фергусон решил да ги послуша советите од докторите, па го немаше на трибините на дуелот против Фулам. Следниот меч на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата е дербито против вечниот ривал Ливерпул, и тоа на „Енфилд роуд“.

 

- Оглас -

Најнови вести