Сер Алекс Фергусон ја покажа својата големина – го изненади навивачот кој ја чека сопствената смрт

Пред две недели Сер Алекс Фергусон бил во болница за да посети еден свој пријател. Додека бил во болницата, го сопреле неколку луѓе кои го замолиле за една услуга. Тие побарале Фергусон да дојде во болничката соба на нивниот пријател, кој умира од рак.

Само што слушнал за ситуацијата во која се наоѓа 32-годишниот Дамиен Никсон, Фергусон веднаш отишол да го посети. Никсон е голем навивач на Манчестер, но знае дека многу брзо неговиот живот ќе згасне. Докторите констатирале дека Никсон има рак кој метастазирал на коските, јетрата и лимфните жлезди.

„Кога му кажаа на Фергусон каква е ситуацијата, тој само праша во која соба треба да замине. Дамиен беше воодушевен што го види Фергусон кај него на посета“, вели жената на болниот навивач, Саманта.

Навивачите на Манчестер јунајтед веќе започнаа акција за собирање помош за погребот на Никсон, но и за помош на семејството по неговата смрт. Досега се собрани повеќе од 20.000 фунти.

- Оглас -

Најнови вести