Сер Алекс Фергусон се радуваше како мало дете, бидејќи неговиот коњ победи на трка (Видео)

Легендарниот сер Алекс Фергусон и во својата 82-ра година не може да одмори, па после завршувањето на тренерската кариера им се посвети на своите коњи и постојано може да се забележи на хиподромите на кои се одржуваат трките.

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед во јануари годинава вложи 740.000 и го купи коњот Колдвел Потер, а за само два месеци инвестицијата му се исплатеше. Неговиот коњ победи на престижната трка во Челтенам, па славниот тренер заработи нови 50.000 фунти, кои ако се додадат на оние милион фунти кои досега ги заработи неговиот коњ, тогаш станува јасно дека сер Алекс е одличен и во овој за нас малку познат спорт.

- Оглас -

Најнови вести