Серафимов донесе нов триумф над Летонија, четврти во низа, и дефинитивно прво место

Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Летонија со 1-0 на Арената „Тодор Проески“ во петтиот натпревар од Лигата на нации. Тоа е четврти последовен триумф за нашиот национален тим без примен. Стрелец на единствениот погодок беше Никола Серафимов во 57-та минута, а со оваа победа Македонија и дефинитивно го осигура првото место во групата.


Во шестата минута, Чурлинов одзеде топка во полето на противникот, но Трајковски шутираше крај голот.


Пет минути подоцна, Алиоски нафрли од левата страна, а Чурлинов со удар со глава беше за малку непрецизен.


По 15 минути игра првпат се закани и Летонија. По центаршутот од левата страна, топката ја одби Димитриевски, на неа налета Савалниекс, но за среќа не беше прецизен.


На средината од првиот дел, хендикеп за Македонија. Елиф Елмас пријави повреда и мораше да биде повлечен од игра, а на негово место влезе Лирим Ќамили.


До крајот на првиот дел, Исник Алими имаше одлична шанса во последните мигови, но не успеа да реализира од десетина метри.


На самиот старт на второто полувреме, Бојан Миовски упати силен удар од 16 метри, но за малку над голот на Летонците.


Во 47-та минута, Алиоски одлично уфрли на петерецот, а Ќамили од непосредна близина не ја уфрли топката во мрежата.


Тоа беше најава за водството на Македонија. Во 57-та минута, по корнерот од десната страна, најснаодлив беше Никола Серафимов на вториот дирек и успеа да погоди на вистинското место за предност од 1-0.


По постигнатиот гол. мирна игра на нашиот национален тим, а Лирим Ќамили во 82-та минута имаше можност и за втор погодок, но шутираше директно во противничкиот голман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести