Серафимов со еврогол го сруши унгарскиот првак, Велковски погоди во драматичното хрватско дерби (Видео)

Никола Серафимов погоди во осмата петата минута на гостувањето кај Ференцварош и го најави големото изненадување во унгарското првенство. На крајот, Залаегерсег на Серафимов победи со 2:1 на теренот на првакот, а голот на Серафимов беше посебно атрактивен. Тој успеа одлично да реагира на една одбиена топка и со волеј удар од пеналтикот, го матираше голманот на Ференцварош.

Серафимов го одигра целиот меч, а покрај голот, доби и жолт картон во 70 минута. За Ференцварош ова е втор пораз во осум кола, додека Залаегерсег се ирадува на третиот триумф по кој стигна до 11 бодови и е на средината на табелата.

Уште еден Македонец погоди попладнево, а тоа е Дарко Велковски за Риека. Велковски погоди во 41 минута за 3:0 за Риека во дуелот против шампионот Динамо. И покрај убедливата предност по првиот дел, Риека не победи.

Динамо во второто полувреме заигра многу подобро и со двата гола на Петковиќ намали на 2:3, а во 82 минута по центаршутот на Стефан Ристовски, со глава погоди Андриќ за 3:3.

 

- Оглас -

Најнови вести