Серена од фотографија „ја исече“ една од најдобрите тенисерки на светот

Пензионираната американска тенисерка Серена Вилијамс направи потег кој наиде на осуда од страна на тениските фанови на светот – од фотографија ја исече една од најдобрите тенисерки на светот, Арина Сабаленка.

Американката која освои 23 гранслем-титули во кариерата и актуелната прва тенисерка на АТП ранг-листата, Арина Сабаленка, присуствуваа на свеченото отворање на италијанскиот ресторан Казадона во Мајами, САД. Заедно со нив беа и Каролине Возњацки и нејзиниот сопруг Дејвид Ли.

 

Серена на социјалните мрежи објави фотографија од отворањето, но од неа „ја исече“ Сабаленка.

Белоруската тенисерка исто така објави фотографија од свеченоста, но без никакви интервенции.

- Оглас -

Најнови вести