Серена поради повреда го предаде мечот против Пиронкова

Серена Вилијамс го предаде мечот против Цветанка Пиронкова од второто коло на Ролан Гарос поради повреда на Ахиловата тетива. Повредата е акутна и ќе ѝ требаат две до три недели за да закрепне, но дури за два месеци ќе може да се врати на терените.

Многу веројатно најтрофејната тенисерка во светот ќе ја заврши сезоната со цел потполно да ја излечи повредата и да не си направи дополнителни компликации.

„Навистина се трудев да се покажам во што подобро светло, но во моментов тешко ми е и нормалното чекорење. Тоа е доволно голем знак за да се повлечам и да се фокусирам на закрепнување“, истакна Вилијамс.

- Оглас -

Најнови вести