Серена Вилијамс по вторпат стана мајка

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс вчера по вторпат стана мајка и повторно доби девојче.

„Добре дојде мој преубав ангелу“, напиша Серена Вилијамс на видеото кое го објави на „Тикток“. Таа откри дека ќеркичката ќе се вика Адира Ривер Оханијан.

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња и освојувачка на 23 гренслем-титули во поединечна конкуренција е во брак со коосновачот на „Редит“, Алексис Оханијан. Првата ќеркичка Серена ја роди во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести