Серезо: За Меси нема место во Атлетико

Првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, во пресрет на саботното дерби во кое Атлетико ја пречекува Барселона, која одамна не ја победиле во лигашки меч, изјави дека Лионел Меси не би можел да игра за мадридските Јорганџии бидејќи нема доволно добар „Си-Ви“ документ.

Во Атлетико се загрижени што двајца фудбалери, од кои едниот Луис Суарес, се заразија со корона-вирус и нема да играат против Барса, за Серезо тоа е лоша среќа, иако го критикуваше однесувањето на Уругвајците и нивното непочитување на мерките.

Што се однесува до хипотетичкото купување на Меси, Серезо е јасен.

„Тој е играч на Барселона. Му се насобраа многу проблеми кои во нормална ситуација не би му се случиле. Не верувам дека Барса ќе му дозволи да си замине. Ние сме задоволни со составот кој го имаме во моментов. За Меси нема место во Атлетико бидејќи нема поднесено биографски документ“, вели Серезо.

- Оглас -

Најнови вести