Серхио Рамос му честиташе на Надал по „демолирањето“ на Ѓоковиќ

Рафаел Надал потврди дека е најдобриот тенисер кој некогаш играл на Ролан Гарос, откако стигна до 13-тата титула на Грен слем турнирот во Париз. Шпанскиот тенисер едноставно не му даде никакви шанси на Новак Ѓоковиќ и го растури со 3:0 во сетови, дозволувајќи Србинот да освои само седум гејма. 

Со оваа победа, Надал стигна до јубилејната 100-та победа во 102 меч на Ролан Гарос и вкупно 20-тиот грен слем со што се израмни со Роџер Федерер на врвот на вечната листа. Еден од првите кои му честитаа на Надал беше капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос.

„Легенда и инспирација за боло која цел во животот. Тој ќе ви открие дека лимит не постои. Честитки Рафаел Надал!“, порача Рамос.

- Оглас -

Најнови вести