Ветеранот на Севиља и легенда на репрезентацијата на Шпанија и Реал Мадрид, Серхио Рамос, се подготвува за изненадувачки трансфер ова лето. Тој не само што ќе ги напушти Андалузија и Шпанија, туку ќе ја напушти и Европа, а според најавите, неговиот следен клуб ќе биде од МЛС-лигата.
Рамос има понуди и од клубови од Саудиска Арабија, но и од Европа, но желбата му е да игра во САД, земјата домаќин на следното Светско првенство. Легендарниот Шпанец се очекува летово да потпише за новоформираната екипа на Сан Диего, која од следната сезона ќе настапува во МЛС-лигата, а во моментов го креира својот состав, па се очекува Рамос да биде најзвучното име кое ќе треба да привлече други фудбалери да се преселат во нивните редови.