Серхио Рамос прави изненадувачки трансфер, ќе потпише за својот матичен клуб

Договорот помеѓи Серхио Рамос и ПСЖ истече со завршувањето на сезоната. Фудбалерот е слободен да си бара нов клуб и сите очекуваа дека ќе се пресели во Саудиска Арабија. Сепак, Рамос не размислува така. Планира да потпише за Севиља и да одигра уште една сезона во европскиот фудбал, а дури потоа да оди во Саудиска Арабија.

Проблем може да биде платата на фудбалерот, бидејќи Севиља ни одблиску не може да му ги понуди условите кои ги имаше во ПСЖ или при евентуалниот трансфер на Арапскиот полуостров, но тој е подготвен да одигра една сезона во Андалузија и за многу помалку пари.

- Оглас -

Најнови вести