Серхио Рико загубил 20 килограми и можеби веќе никогаш нема да брани

Резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, почнува да закрепнува од тешката повреда која ја имаше на крајот на мај кога падна од коњ и притоа коњот го удрил Рико со копитото по глава.

Рико веднаш со хеликоптер беше пренесен во болница во Севилја, каде е еден и пол месец на интензивна нега, а сега откако се освести и почна делумно да комуницира, стигнуваат нови информации за неговата состојба.

Додека бил во кома, Рико загубил повеќе од 20 килограми, што резултирало со губење на 30 проценти од мускулната маса. Ги повреди вратот и главата, но имал среќа што не дошло до повреда на мождината на рбетот. Според лекарите, ако раната била подлабока само половина сантиметар, Рико ќе починел.

Рико има договор со ПСЖ за уште една сезона, но во моментов не делува реално дека повторно би можел да застане на голот. Сепак, од семејството му се заблагодарија на клубот за поддршката во овие тешки моменти.

- Оглас -

Најнови вести