Серија А не памти ваква доминација како на браќата Инѕаги

Ретко кој веруваше дека Лацио ќе биде на врвот во Серија А на почетокот на март, но тоа е реалност. Небесносините зад себе ги оставија и Јувентус и Интер, покажувајќи дека имаат квалитет да се борат за Скудетото. Тренерот Симоне Инѕаги направи тим кој речиси и да не може да се победи, што покажува и фактот дека Лацио веќе 21 меч во Серија А не знае за неуспех.

Дека не е случајно ова што го прави Лацио се потврди и со мечевите против Јувентус, кога во само неколку дена римскиот тим два пати го победи првакот, еднаш во првенството, а беше подобар и мечот за трофејот во Суперкупот на Италија.

Симоне Инѕаги едноставно се претвора во одличен стратег. Но не е само Симоне лидер во Италија. Тука е и неговиот брат Филипо. Од играчките денови, Филипо беше многу подобар и голема ѕвезда на италијанскиот фудбал, а сега се пробива и во тренерските води.

Некогашниот голгетер е на чело на екипата на Беневенто, во Серија Б. Тоа е тимот кој е убедлив лидер во втората италијанска лига, затоа што има 63 бодови, дури 17 повеќе од вториот Фросиноне. Беневенто само теоретски треба да обезбеди место во Серија А, па веќе од следната сезона да гледаме и братски дуел на тренерските клупи.

Едноставно браќата Инѕаги газат како тренери и се лидери во двете најсилни лиги во Италија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести