Серија А „Оскари“: Роналдо МВП, Златната копачка за Квалјарела

Кристијано Роналдо е прогласен за најкорисен играч во Серија А за сезоната 2018/19. Португалецот запиша 22 погодоци и 11 асистенции во 33 меча во дресот на Јувентус (во рамки од Серија А, италијанскиот куп и Суперкупот), придонесувајќи за осма последователна титула на гигантот од Торино, односно 35-та во клупската историја.

Сепак, иако Роналдо е навикнат да ја освојува Златната копачка во било кое првенство да настапува, таа припадна на „бомбардерот“ на Сампдорија, Фабио Квалјарела. Ветеранот на тимот од Џенова постигна 26 погодоци на 35 натпревари.

Наградата за најдобар голман заврши во сигурните раце на Самир Хандановиќ, чуварот на мрежата на Интер, кој во 36 меча 17 пати ја сочува мрежата, а дозволи 28 погодоци. За најдобар дефанзивец е прогласен Калиду Кулибали од Наполи, додека Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио е најдоабр играч за врска.

Сензацијата на Рома, Николо Заниоло е избран за најдобар млад играч за оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести