Серијата без победа на Рајо заврши вечерва, Столе десеттипат сезона со „чиста мрежа“ во Ла Лига (Видео)

Екипата на Рајо Ваљекано конечно ја прекина серијата од девет натпревари без победа и го совлада Бетис со 2-0 на домашен терен. На мечот 90 минути настапи нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, и уште еднаш покажа дека е во одлична форма пред настапот за Македонија на пријателските натпревари против Молдавија и Црна Гора и десеттипат оваа сезона ја сочува својата мрежа чиста на натпреварите од Ла Лига.

Рајо Ваљекано со оглед на лошата форма и катастрофалната серија падна во долниот дел на табелата, но без да биде загрозен од испаѓање. Со овие три поени екипата од предградието на Мадрид се искачи на 15-тата позиција со 29 поени.

- Оглас -

Најнови вести