Серијалот порази на Химки продолжи и во Истанбул

Химки го претрпе петтиот пораз по ред, вечерва загуби и од Дарушафака во Истанбул, а црната серија му ги одзеде шансите на рускиот тим да се најде во фазата топ 8 во Евролигата.

Не помогна ниту блескавата партија на Алексеј Швед, кој постигна 31 поен, па поразот од 85:91 беше неминовен.

Уште само Мики Џордан имаше двоцифрен учинок од 22 поени кај гостите, а сите останати не успеаја ни одблизу да ја минат границата од 10 поени.

Кај Дарушафака, Мајл Ерик постигна најмногу поени, 22, а по 20 уфрлија Туни Даглас и Џереми Еванс. Дарушафака остана фенерџија во Евролигата само со 4 победи и 23 порази.

- Оглас -

Најнови вести