Валенсија откако долго се мачеше и стравуваше за опстанокот во Ла Лига, сега веќе се надева и на излез во фудбалска Европа. „Лилјаците“ и десетти натпревар по ред не знаат за пораз, откако на домашен терен го совладаа Хетафе со убедливи 3-0.
Пепелу во осмата и Дуро во 37-мата минута беа прецизни од пенал, додека единствениот гол од игра го постигна Лопес во 18-тата минута.
Валенсија со оваа победа дојде до 45 поени на деветтата позиција, со бод, односно два, помалку од Рајо Ваљекано на седмото и Селта Виго на осмото место во Ла Лига.
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, и на овој меч остана на клупата за резервни фудбалери.