Сетиен пред 25 години ја има понижено Барселона (Видео)

Новиот тренер на Барселона, Енрике „Кике“ Сетиен, на 11 ноември 2018 година со Бетис ја надигра Барселона со 4-3 на „Камп ноу“, имаше поголем посед на топката, и ги собра симпатиите кај фановите на Барса, па затоа се смета за добро решение како наследник на Ернесто Валверде.

Лоша вест за Барселона е што само еднаш, и тоа пред дури 91 години, станале шампиони на Шпанија кога среде сезона го смениле тренерот.

Но, постарите љубители на фудбалот можеби ќе се сетат и на една друга црна епизода на каталонците против Сетиен. Тој како фудбалер на Расинг Сантандер, во сезоната 1994/95, беше стрелец на вториот од петте гола со кои Расинг ја растури Барселона со неверојатни 5-0. Тогаш тренер на Барселона беше Јохан Кројф, со кој претходната сезона стигнаа и до финале во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести